Сијарто: Пред две недели избегнавме трета светска војна

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, смета дека ситуацијата во Украина создава опасност од директен воен конфликт меѓу Русија и НАТО и трета светска војна.

„Пред две недели, само благодарение на трпението и одговорноста на полските лидери, избегнавме кошмар, како што е трета светска војна“, рече Сијарто потсетувајќи на падот на украинската ракета на територијата на Полска.

„За жал, тој ризик постои сè додека трае војната во Украина. Затоа мораме да направиме сè за да спречиме некогаш да се случи директен конфликт меѓу Русија и НАТО“, напиша министерот на социјалните мрежи.

Сијарто учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Букурешт денеска и утре. На самитот ќе се разговара за ситуацијата во Украина, влезот на Шведска и Финска во НАТО, како и зајакнувањето на воениот потенцијал на алијансата.

29.11.2022 - 16:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега