Сиа Виста: 22.3 % се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, 18.4% рекле дека ќе гласаат за СДСМ

 

 

Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА за сопствени потреби направи анкета на јавното мислење. Анкетата е спроведена телефонски во период од 21.12.2020 - 25.12.2020 врз 1.523 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност. При анализата опфатени се сите изборни единици.

Според анкетата на прашање за која партија би гласале, доколку изборите би се одржале утре, 22,3 % рекле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, 18, 4% рекле дека ќе гласаат за СДСМ, 6,1% за ДУИ, 5,6% за Алијанса, 4,9% за Левица, 2,7% за АЛТЕРНАТИВА и 0,6% за ДПА.

Дури 19, 9% одговориле дека нема да излезат на гласање, додека пак 14% од испитаниците не сакале да одговорат, а 3,5 % не знаеле за кого би гласала.

На прашање Колку имате доверба, поточно како ја оценувате работата на политичарите, испитаниците најмалку доверба имале во Зоран Заев и негативно одговориле 70.1 %.

На третото прашање Како ја оценувате работата на Владата со оценка од 1 до 5, 50.2% дале оценка 1, 21.7% дале оценка 2, 10.9% дале оценка 3, 3.3% дале оценка 4 и 9.1% дале оценка 5,додека пак 4.8% не дале никаква оценка.

 

Нарачател и спроведувач на анкетата е тимот на Институтот СИА ВИСТА, резултатите кои ќе се објават во два дела се користат за потребите на анализите на институтот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2021 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега