Close Menu
Press24
    Најново

    Владата со препораки до македонските државјани: Следете ги упатствата и контактирајте ги амбасадите

    01.03.2026 во 14:53

    (ФОТО) Реконструирана обиколницата во Крива Паланка – Мицкоски верува дека инвестициите ќе ги вратат иселените дома

    01.03.2026 во 14:29

    (ВИДЕО) Погледнете како изгледа небото на Блискиот Исток

    01.03.2026 во 14:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Владата со препораки до македонските државјани: Следете ги упатствата и контактирајте ги амбасадите
    • (ФОТО) Реконструирана обиколницата во Крива Паланка – Мицкоски верува дека инвестициите ќе ги вратат иселените дома
    • (ВИДЕО) Погледнете како изгледа небото на Блискиот Исток
    • (ВИДЕО) Војната се прошири и во Ријад: Експлозиите одекнуваат низ целиот град
    • Небото над Дубаи е празно: Важни инструкции за патниците по нападите на Блискиот Исток
    • Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица
    • Ужас во Делчево: 15-годишник обљубил малолетничка
    • Апсења на повеќе локации во Скопје: Приведени четири лица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска – Давкова: Потребна ни е помош од дијаспората за да го спречиме егзодусот на младите

    Сиљановска – Давкова: Потребна ни е помош од дијаспората за да го спречиме егзодусот на младите

    28.09.2025 во 10:165 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Дијаспората мора да биде рамноправен партнер во градењето на Македонија како пристојно место за живот каде младите ќе остануваат и каде вие, иселениците, ќе ја остварите вашата потрага по среќа, рече претседателката Гордана Сиљановска – Давкова на гала-вечерата организирана од страна на Обединетата македонска дијаспора – ОМД во Детроит, во рамки на работната посета на САД.

    -Трагајќи по среќата, некои од вас или од вашите родители, баби и дедовци, се населиле во САД и Канада. Каде и да сте, вие, иселениците, со многу труд, посветеност и жртва, создавате вредности и стекнувате почит во новите средини. Ве има во речиси секој сегмент на општествата – како успешни бизнисмени и менаџери, врвни научници и лекари, реномирани уметници и наградувани спортисти, реномирани публицисти и професори. Гледајќи ги примерите на Мајк и Мариен Илич, Џон Битов, Мајк Зафировски, Светлана Мојсова, Крис Павловски, да спомнам само дел од македонското иселеничко соѕвездие, некој би рекол дека успешните иселеници веќе ја достигнале среќата, рече Сиљановска – Давкова.

    Како што јави известувачот на МИА, обраќајќи се пред големиот број иселеници кои, покрај од Детроит, беа дојдени и од други делови на Америка, таа го постави прашањето дали има вистинска среќа без идентитет, без чувство за припадност.

    – За дијаспората, потрагата по среќа не завршува во туѓина туку продолжува кон Македонија. Вашата среќа во голема мера зависи од среќата на татковината, рече претседателката.

    Таа притоа посочи дека од независноста наваму, успехот на македонската држава се мери според тоа дали таа е пристојно место за живеење и дали им нуди еднакви шанси за напредок на сите нејзини граѓани. Токму ова право, како што рече, е загрозено од корупцијата, „но и од долгогодишните неправедни блокади на нашите европски интеграции коишто ја исцрпуваа државата и сè уште ги фрустрираат македонските граѓани, повредувајќи го нивното, вашето, нашето достоинство“.

    – Затоа, сè повеќе наши млади веруваат дека потрагата по среќа ги води надвор од нашата татковина. Иселувањето на младите стана најголемата закана за иднината на Македонија. За да го спречиме егзодусот, пред да биде предоцна, потребна ни е помош од дијаспората, рече Сиљановска – Давкова.

    Според неа, во минатото се носеле одлуки коишто се одразувале и на македонската дијаспора без таа да биде консултирана. – Се правеле компромиси на сметка на симболите и атрибутите на македонската држава и на македонскиот идентитет. Ова е особено тешко, имајќи предвид дека иселеничка Македонија е побројна од домицилна Македонија. Да се занемари македонската дијаспора значи да се игнорира повеќе од половина од народот, истакна претседателката.

    Таа смета дека таквиот однос доведе до отуѓување меѓу матицата и дијаспората и тоа на штета на државните и национални интереси, додавајќи дека сепак од двете страни отсекогаш имало луѓе со големо разбирање коишто ја одржуваа врската меѓу татковината и дијаспората.

    – Дијаспората е дел од Македонија како што Македонија е дел од дијаспората. Мојата посветеност кон дијаспората е повеќе од изборна реторика. Нашата Влада подготвува петгодишна Национална стратегија за дијаспората, при што мојот Кабинет активно учествува преку свои претставници. Оваа стратегија треба да ѝ овозможи на дијаспората многу поактивно да се вклучи во јавната расправа и во зајакнувањето на државата. Дополнително, како што ветив во мојата изборна програма, планирам формирање на Совет за дијаспора при Кабинетот на Претседателот, рече претседателката Сиљановска – Давкова.

    Поради тоа, додаде, „државата ќе продолжи да вложува напори да ги зацврсти вашите врски со Македонија“. Посочи дека политиките кон дијаспората мора да бидат непартиски и приоритетни, без разлика кој е на власт.

    – Ни претстои голема работа. Земјите со силни дијаспори просперираат. Земјите со слаби дијаспори стагнираат. И тука не станува збор само за финансиски средства или за лобирање, туку за нешто многу подлабоко. Станува збор за пренос на вредности, споделување знаења и вештини, подигнување на очекувањата за животниот стандард, негување на поодржливи навики. Како што татковината треба да го чува минатото на дијаспората, така дијаспората е чувар на иднината на татковината, истакна претседателката.

    За неа нема поубав начин да се заокружи посетата на Соединетите Американски Држави од средба со македонската дијаспора од Америка.

    – А македонската приказна е навезена од семејни приказни, не само дома, туку и во дијаспората. Но, вашата приказна е и наша приказна, а нашата е и ваша и ќе трае сè додека се раскажува, рече во обраќањето претседателката Сиљановска – Давкова.

    На настанот по повод 20 години Обединета македонска дијаспора, се обрати и претседателот на ОМД Арги Белио, кој рече дека нашинците од дијаспората секогаш помагаат онаму каде што е најпотребно и дека во татковината досега се инвестирани повеќе милиони долари. Тој најави дека поддршката од ОМД, која пред 20 години започна како движење, а сега е Дијаспора, ќе продолжи, бидејќи, како што рече, тоа се вика патриотизам.

    На претседателката Сиљановска – Давкова од страна на коосновачот и почесен претседател на ОМД Мето Колоски и беше доделена наградата „Глобален државник“, додека Маријан Илич, македонско-американска стопанственичка, ја доби наградата „Ќерка на Македонија“. Поранешниот министер без ресор задолжен за странски инвестиции Џери Наумоф е добитник на наградата „Македонско наследство во јавната служба“. По повод 20-годишнината на ОМД беа врачени и наградите „40 под 40“, кои се доделуваат на 40 успешни Македонци под 40 години. 

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Испливаа најнови информации за здравјето на Дачиќ

    27.02.2026 во 09:30

    (ВИДЕО) Погледнете како Иранците ги подготвуваа авионите и пилотите да напаѓаат американски бази: Објавена е листата на бомбардирани локации

    01.03.2026 во 12:24

    Иран штотуку објави крвава одмазда врз Америка и Израел: Денес ќе нападнеме со сила каква што никогаш порано не сте виделе

    01.03.2026 во 11:45

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.