Close Menu
    Најново

    Вадефул: Прекинот на огнот во Украина нема да ја запре руската закана

    23.12.2025 во 15:17

    Лишен од слобода малолетник: Возел автомобил и учествувал во сообраќајка

    23.12.2025 во 15:00

    ВМРО-ДПМНЕ: Уште една лага на СДС распрсната, нема покачување на струјата како што тврдеа, имаме најниско покачување во Европа

    23.12.2025 во 14:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Вадефул: Прекинот на огнот во Украина нема да ја запре руската закана
    • Лишен од слобода малолетник: Возел автомобил и учествувал во сообраќајка
    • ВМРО-ДПМНЕ: Уште една лага на СДС распрсната, нема покачување на струјата како што тврдеа, имаме најниско покачување во Европа
    • Чекор кон развој на современа реконструктивна микрохирургија: Извршени две сложени микрохируршки операции
    • Само еден инфлуенсер во Македонија се пријавил во регистарот на АВМУ
    • Утре во Драмски театар: Комеморација за Лазе Манасков
    • Сиљановска Давкова: Судењето за „Пулс“ ќе покаже дали судството ќе ја стекне или трајно ќе ја изгуби довербата 
    • Ѓорѓиевски: Новогодишна радост за најмалите, но најголеми херои – Бог да ги чува сите
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Сиљановска-Давкова: Не сум за нови црвени линии, јас сум за договор дома

    Сиљановска-Давкова: Не сум за нови црвени линии, јас сум за договор дома

    30.09.2025 во 21:09
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Не сум за нови црвени линии, јас сум за договор дома. Ако одиме надвор со консензус, тогаш ќе не почитуваат, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова, коментирајќи ја предлог-резолуција што ја претстави лидерот на СДСМ Венко Филипче за европските интеграции со „црвени линии“.

    -Веќе нема црвени линии, линиите се веќе прегазени или избришани со гума. Она што требаше ние да го сториме, бидејќи ова не е веќе некој нов предлог пред него имало неколку декларации една од нив направена и со помош на МАНУ. Очекував и се израдував ама за многу кусо време дека ќе седнат лидерите на партиите, седнаа, ги закопаа секирите, и јас мислев тоа е оној моментумот политички кога ќе одат заедно во Брисел и ќе речат – видете ние веќе не знам колку пати посегнавме по уставни измени, резултат нема, очигледно не е тоа решението. Уставот се менува, но политиката на соседите кон нас останува иста. Ајде и ние малку да бидеме по моделот на бугарските или грчките политичари, не мора да го менуваме Уставот, ама да седнеме и да изградиме платформа на преговори. И да не одиме никаде надвор и со никого да не разговараме пред да повикуваме на тоа. Што мислиме заедно дека е можно, а што мислиме дека е неможно. И како да тргнаа работите, одеднаш ја видов посетата на лидерот на СДСМ на Брисел и тој рече дека е спремен да го жртвува својот мандат само да сме исчекореле. Ако имате еден чекор – уставна измени и потоа пречка, ништо не сте сториле, само сте го смениле Уставот – тоа не е црвена линија. Јас не сум за линии, јас сум за договор дома, нагласи Сиљановска Давкова во интервју за Сител. 

    Според неа, национализмот се случил онаму каде што не смеело да се случи – во Европскиот парламент. 

    -Национализмот се случи таму каде што не смееше – во Европскиот парламент. Тоа не беше слобода на говор, тоа беше говор на омраза. Не беа застапници на тој говор само десните партии, туку сите застанаа зад тоа дека се обединиле и го урнале нашиот предлог. Значи ние не треба националистички да настапуваме, ниту можеме да настапуваме, меѓутоа може надвор со консензус да одиме, тогаш ќе не почитуваат. Не се работи за партиски прашања, се работи за национални прашања – нешто за што навистина треба да има консензус, потенцира претседателката.

    Во однос на тоа дали може покрај сето ова да напредуваме напред кон Брисел, таа посочи дека не може преку ноќ се да се смени, потребен е консензус од ЕУ, но тоа, вели, е исто така на линија на филозофијата на ЕУ, оти филозофијата на ЕУ нас не привлекува и сите други а таа е единство во различности или почитување на националниот и културниот идентитет во тој политички систем како систем на држави и нации и почитување на дигнитетот и интегритетот.

    -И ние дома не треба да бегаме од причните врзани за Копенхагенските критериуми, тие биле за сите, треба да важат и за нас. Меѓутоа, не можете да постигнете исчекор во исполнување на ирационални барања бидејќи ирационалното нема основа – тоа раѓа ново ирационално барање, оцени Сиљановска Давкова.

    Во однос на идејата за уставни измени со одложено дејство, таа рече дека не се во прашање ограничените или нарушените права на граѓаните кои се декларираат како Бугари во Македонија.

    -Не е тоа во прашање, бидејќи нивните права споменати или не споменати во преамбулата, тие се заштитени бидејќи ние во Уставот имаме одредби за заштита на правата на малцинствата. Мојот проблем е како може да барате од другиот да го стори тоа што вам ни нормативно ни фактички не ви паѓа на ум. Во бугарскиот Устав нема одредби за заштита на малцинствата ама има одредби за заштита на Бугарите било каде надвор. Само ние се самоограничуваме во Уставот. Впрочем и Венецијанската комисија и препорачува на Бугарија во 2008 да го смени Уставот низ призма на оценка на заштитата на малцинските права. Ако некој ве негира, вели дека не постои македонска нација, вели дека дури и не постои македонски јазик, а вие велите дека тоа ви е гарантирано, тогаш нешто не е во ред кога се бара сега вие да го смените Уставот и под други да ги ставите Бугарите а тие да продолжат да ве негираат, да продолжат да негираат дека треба да влезете во Советот за малцинства дури и да продолжат да ви го негираат правото на здуржување и покрај пресудите на судот во Стразбур. Тоа не е наш проблем тоа е проблем на Советот на Европа, рече Сиљановска Давкова.

    Популарно

    Каде ви се капите и шалчињата: Снегот доаѓа

    23.12.2025 во 10:18

    Ахмети: Јас ја уништив Југославија

    22.12.2025 во 22:03

    Грците тестираат специјални сообраќајни камери, ловат се „живо“: За 4 дена регистрирани повеќе од 2.000 прекршоци

    22.12.2025 во 09:59

    Печалбарите се враќат дома за празниците – за два дена над 30 000 влегле само на Табановце

    23.12.2025 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.