Close Menu
    Најново

    „Реплек“ на најпрестижниот саем за фармација CPHI – потврда за конкурентноста,квалитетот и интернационалниот потенцијал

    28.10.2025 во 16:48

    Изгоре автомобил во Петровец

    28.10.2025 во 16:31

    Димитриеска – Кочоска најави ново покачување на пензиите

    28.10.2025 во 15:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • „Реплек“ на најпрестижниот саем за фармација CPHI – потврда за конкурентноста,квалитетот и интернационалниот потенцијал
    • Изгоре автомобил во Петровец
    • Димитриеска – Кочоска најави ново покачување на пензиите
    • Димитриеска Кочоска: Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година
    • Лавров предупредува: Западот се подготвува за војна
    • (ВИДЕО) Трагедија го потресе светот: Се урна авион, загинаа патници од Германија и Унгарија
    • Скопјанец се степал во казино, па се расправал со полицијата, на крај ја натепал и сопругата
    • Велковски: Со поддршката од Ашиковски одиме на победа во вториот круг
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Сиљановска – Давкова: Нашиот пат кон Брисел наликува на маратон

    Сиљановска – Давкова: Нашиот пат кон Брисел наликува на маратон

    27.09.2025 во 10:09
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Нашиот пат кон Брисел наликува на маратон, маратон за кој понекогош мислам дека може да се прашаме „дали го чекаме Годо“. Ние го започнавме нашиот маратон во 2005 година кога ни беше даден кандидатскиот статус. Денес често се користи синтагмата дека Европа е незавршена симфонија без Западниот Балкан, а интересот за регионот порасна пред три години кога, за жал, почна војната во Украина, рече претседателката Гордана Сиљановска – Давкова пред студентите на Универзитетот Колумбија во Њујорк каде што одржа предавање во рамки на Светскиот лидерски форум.

    Како што јави известувачот на МИА, таа пред академската заедница го елаборирше исходот од бесконечното одложување на ветувањето за европска интеграција на земјите од Балканот.

    – Ние луѓето од Балканот секогаш сме се сметале за Европјани, бидејќи секогаш сме биле географски, историски и особено културно дел од Европа. Сега процесот на проширување е повторно на агендата на ЕУ, но не заради поголема Унија туку поради стабилноста, безбедностa. И ова е добра шанса за нас да бидеме на агендата по не знам кој пат, и да го зграпчиме моментумот. Но, во изминатите 30 години ние се обидовме да го зграпчиме моментумот многу пати, а резултатот е 36 амандмани на нашиот Устав, истакна Сиљановска – Давкова.

    Таа укажа на искуството на балтичките земји кои во процесот на евроинтергација најголемата поддршка ја добија од своите соседи – скандинавските земји и станаа членки, за разлика од земјите од Западниот Балкан каде се појави ветото – членки на ЕУ го искористија својот статус на заштитени членови на семејството за да го спречат напредокот кон Брисел на свои соседи.

    – Сметам дека ЕУ треба да ја преиспита својата позиција бидејќи дури и ЕУ денес е во криза. Претходно таа беше синоним за демократија, за владеење на правото, но денес не е така. Денес се соочуваме со криза на лидерство. Можеби односот помеѓу членките на ЕУ и земјите кандидати како нас е погрешен, бидејќи тоа е едноставно однос „слушај и направи“ затоа што вие сте тие кои сакате да ни се придружите. Правилата се јасни, тие се одлични, познати се како Копенхашки критериуми, но ветото не е дел од Копенхашките критериуми, истакна Сиљановска – Давкова.

    Таа посочи дека проблемот со ветото во нашиот случај е што тоа не се заснова на почитувањето на Копенхашките критериуми туку на барањата кои доаѓаат од нашиот сосед кои немаат ништо со овие критериуми.

    – Во Договорот за ЕУ, во Лисабонскиот договор, во Повелбата за основните права ќе прочитате дека ЕУ е горда што претствува единство на различностите и дека ги почитува културниот и националниот идентитет на нациите и државите, и ветото се однесува на овие области. Би го разбрала ветото доколку не го почитуваме владеењето на правото, но не и за работи кои се ад акта во едно демократско општество, како што е идентитетот кој е наше право на самоопределување. Нашиот легитимитет произлегува од граѓаните, ако го смениме Уставот поради волјата на некои земји членки, тогаш во Преамбулата би требало да напишеме „ние народот и меѓународната заедница“, а тоа не е во ред. Исто така верувам дека ЕУ има устав , тој не е кодифициран, но документите кои ги спомнав имаат конститутивно значење и сила. Затоа, ако ЕУ е за демократија и мултилатерализам, таа е исто така обврзана да ги почитува своите конститутивни документи, во спротивно станува збор за лицемерие, оцени претседателката Сиљановска – Давкова.

    Во контекст на ООН, таа го повтори својот став дека се потребни длабоки реформи во Светската организација и оти можеби е време првпат по 80 години од нејзиното постоење жена да биде избрана за генерален секретар.

    Потребна е, додаде, и промена на процесот на одлучување во ОН кој треба да ги превенира конфликтите, а не да делува пост фестум.

    -Се уште верувам во ОН, тие се уште уживаат легитимитет. Но, понекогаш ме потсетуваат на Лигата на народите која заврши многу лошо. Не смееме да го дозволиме тоа, ајде да направиме нешто да продолжиме по патот кој го поставија основачите со почитување на Повелбата, на меѓународното право, на почитување на судските пресуди. Во спротивно го губиме времето, ја губиме битката. Без мир нема да може да ги реконструираме ОН, рече Сиљановска Давкова во обраќањето пред студентите на Колумбија Универзитетот во Њујорк.

    По предавањето следеше сесија со студентски прашања за претседателката. Студентите изразија интерес за надворешната политика на државата, македонскиот Устав и внатрешното уредување, како и за состојбите во поширокиот регион.

    Таа рече дека се чувствува како студентка, но и како професорка, дека студентите и недостигаат и дека ги практикувала сократовите методи, што значи дека ги учела студентите, но исто така била подготвена и да учи од нив.

    Форумот на светски лидери е серија настани што се одржуваат преку целата година на Универзитетот Колумбија, на кој досега учествувале над 300 шефови на држави и светски лидери од над 85 земји, откако првпат беше основан во 2003 година од страна на тогашниот претседател Емеритус Ли Ц. Болинџер.

    Целта на Светскиот лидерски форум е студентите, професорите, универзитетската заедница лично да ги слушнат ставовите на државниците, да се поттикне интеракција и меѓусебен дијалог.

    Пред предавањето, претседателката Сиљановска – Давкова оствари средба со раководството на Универзитетот Колумбија.

    Популарно

    Арсовска му се закани на Премиерот по апсењето на директорот на Комуналец: Мицко, ќе бегаш од Македонија за некоја година

    27.10.2025 во 15:20

    Вучиќ го соопшти она што сите го чекаа

    27.10.2025 во 15:18

    40 години казна затвор за возење по дејство на алкохол, се предлагаат најстроги казни за пијани возачи

    28.10.2025 во 10:39

    Ужас во Велес: Влегол во здравствена установа, заклучил вработена по што ја испрскал во очи со средство за чистење и ја натепал

    28.10.2025 во 13:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.