Close Menu
    Најново

    Зголемен ризик од пожари за празниците: Внимателно со свеќите и светилките

    23.12.2025 во 10:44

    ЕУ целосно солидарна со Данска по изјавата на американскиот претставник за Гренланд

    23.12.2025 во 10:39

    Две балкански земји се погодени од одлуката на Трамп да отпушти 30 дипломати од нивните амбасадорски места

    23.12.2025 во 10:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Зголемен ризик од пожари за празниците: Внимателно со свеќите и светилките
    • ЕУ целосно солидарна со Данска по изјавата на американскиот претставник за Гренланд
    • Две балкански земји се погодени од одлуката на Трамп да отпушти 30 дипломати од нивните амбасадорски места
    • Работен состанок на раководството на Кошаркарската федерација на Македонија со челниците на ФИБА-Европа
    • По нападот во западна Украина: Полјаците ги кренаа авионите – редарскиот систем во висока готовност
    • Каде ви се капите и шалчињата: Снегот доаѓа
    • Печалбарите се враќат дома за празниците – за два дена над 30 000 влегле само на Табановце
    • Сакаат да инвестираат во Македонија: Муцунски најави нова фаза во економските односи со ОАЕ
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Сиљановска – Давкова ја заврши работната посета на САД со средба со иселениците во Детроит

    Сиљановска – Давкова ја заврши работната посета на САД со средба со иселениците во Детроит

    29.09.2025 во 12:50
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, со посета на македонската црква „Света Богородица“ во Детроит и средба со иселениците, ја заврши неколкудневната работна посета на САД, што беше организирана по повод 80.Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

    Претседателката се обрати на генералната дебата на тема „Подобро заедно: 80 години и повеќе за мир, развој и човекови права“, а оствари средба и со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

    Посетата ја започна со обраќање на состанокот на високо ниво по повод 30-годишнината од Четвртата светска конференција на жените, по што присуствуваше на ручекот „Women Rise for All“ приреден од заменик генералната секретарка на ОН, Амина Мохамед, на приемот во чест на шефовите на делегации од Југоисточна Европа, организиран од Американско – балканската стопанска комора, како и на вечерата на високо ниво во рамки на Годишното заседание на Платформата на жени лидери при ГС на ОН.

    Во Њујорк, Сиљановска – Давкова присуствуваше на приемот што го приреди американскиот претседател Доналд Трамп, како и на приемот за лидерите од Западен Балкан што го приреди високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

    Таа имаше обраќање на Годишниот самит на Конкордија, а се обрати и на пленарната сесија посветена на 30-годишнината од Светската програма за млади.

    Претседателката Сиљановска – Давкова, во рамки на Светскиот лидерски форум, одржа предавање пред студентите на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

    Посетата во Њујорк ја заврши со прием по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи со САД.

    Во Детроит, Сиљановска – Давкова присуствуваше на гала вечера по повод 20-годишниот јубилеј на Обединетата македонска дијаспора, на која и беше доделена наградата „Глобален државник“.

    Популарно

    Ахмети: Јас ја уништив Југославија

    22.12.2025 во 22:03

    Грците тестираат специјални сообраќајни камери, ловат се „живо“: За 4 дена регистрирани повеќе од 2.000 прекршоци

    22.12.2025 во 09:59

    Каде ви се капите и шалчињата: Снегот доаѓа

    23.12.2025 во 10:18

    Експлодираше фабрика во Франција: Тројца повредени

    22.12.2025 во 21:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.