Шварценегер предизвикал сообраќајка во Лос Анџелес

Актерот Арнолд Шварценегер бил учесник во сообраќајна несреќа во Лос Анџелес изминатиов викенд, потврди неговиот портпарол.

Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека една жена е повредена во судир на четири возила што се случил во петокот попладне, а очевидци додаваат дека теренецот на холивудскиот актер завршил врз кровот на најмалку два автомобила.

Фотографиите од местото на настанот покажуваат голем теренец над три други возила на раскрсница во близина на неговата куќа во луксузниот кварт Брентвуд.

Полицијата направи увид и соопшти дека никој не е уапсен. Според првичните сознанија, немало присуство на алкохол или дрога кај учесниците во сообраќајката.

На фотографиите по несреќата се гледа како 74-годишникот стои на страната на патот и разговара со другите возачи и полицајци.Според неофицијални полициски извори, Арлнол е најверојатно виновен за несреќата бидејќи наводно, свртел лево кога семфорот, односно, помошното светло за вртење сè уште било црвено

24.01.2022 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега