Швајцарија набавила премногу респиратори, не знае што да прави со нив

Швајцарските власти размислуваат што да прават со вишокот респиратори кои ги купуваа во големи количества кога изби пандемијата од коронавирус.

Се натрупале и залихи од хигиенски маски и ги има над 200 милиони, а некои порачки допрва треба да стигнат, соопшти министерството за одбрана и така го потврди пишувањето на дневниот весник Сонтагс Цајтунг.

Весникот се повикува на записници од владината комисија која вели дека кантоналните власти на федерацијата и ги враќаат респираторите, а овие нема каде да ги складираат ниту пак одржуваат.

Тоа значи дека кантоните може да ги задржат, да ги продадат на други држави или да ги донираат, можеби на земјите во развој.

Министерството за одбрана објави дека од 900 респиратори испорачани до 24 јуни, 261 се складирани во воената медицинска служба, а 639 разделени во кантоните.

Уште 300 респиратори треба да стигнат до средината на август.

06.07.2020 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега