Швајцарците прелетале речиси 12.000 километри, Англичаните ниту еден

В сабота почнува осминафиналната фаза од Европското првенство, а 16 репрезентации го продолжуваат натпреварувањето со различни енергетски резерви.

Тоа е од причина што некои имаат подобри, а некои потешки услови за игра со оглед на долгите патувања од еден крај на Европа кон друг.

Прва по должината на патувањата е селекцијата на Швајцарија која од почетокот на турнирот досега прелетала дури 11.700 километри. Кампот им беше во Рим, а играа во Баку против Велс. Потоа играа против Италија во Рим. За третиот дуел Швајцарците се вратија во главниот град на Азербејџан на дуел со селекцијата на Турција.

Веднаш зад нив е репрезентацијата на Шведска која прелетала речиси 11.000 километри на релација Гетеборг – Санк Петербург – Севиља.

Репрезентацијата на Англија е единствена која не прошета со оглед на тоа што сите натпревари ги одиграа на „Вембли“, каде ќе играат и против Германија во осминафиналето.

Од Лондон ќе излезат дури ако поминат во следната фаза и ќе играат во Баку.

25.06.2021 - 23:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа