Close Menu
    Најново

    Турција погодена од над 53.000 земјотреси годинава

    30.12.2025 во 19:46

    Рации во 21 провинција: Турските власти уапсија 357 лица

    30.12.2025 во 19:33

    ФОТО: Град Скопје го објави списокот со изведувачи – позната агендата за утрешната прослава на Плотад Македонија

    30.12.2025 во 19:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Турција погодена од над 53.000 земјотреси годинава
    • Рации во 21 провинција: Турските власти уапсија 357 лица
    • ФОТО: Град Скопје го објави списокот со изведувачи – позната агендата за утрешната прослава на Плотад Македонија
    • Туск: САД се согласиле да распоредат сили во Украина по мировниот договор
    • Русија тврди дека Украина нападнала резиденција на Путин
    • Запрен сообраќај во тунелот под Ла Манш
    • Беким Сали именуван за прв вицепремиер на денешната владина седница
    • Американски напад врз венецуелско пристаниште: Трамп тврди дека биле погодени нарко-бродови
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Шукова: Отпадот е ресурс – градежниот отпад ќе го користиме за изградба на улици и патишта

    Шукова: Отпадот е ресурс – градежниот отпад ќе го користиме за изградба на улици и патишта

    17.10.2025 во 21:08
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатката за Градоначалниќка на Град Скопје, Каја Шукова, во гостување на телевизијата Алсат М, зборуваше за проблемите со отпадот, нечистотијата и дивите депонии во градот, нагласувајќи дека потребни се два паралелни процеси итно чистење на градот и долгорочна поставеност на систем по европски стандарди.

    „Мора веднаш да се почне со расчистување на отпадот пред секоја куќа, пред секоја зграда, по целиот град, како и со дивите депонии, каде што ќе воспоставиме контрола за да не настануваат повторно”, истакна Шукова.

    Според неа, проблемот со Вардариште е еден од најакутните во Скопје.

    „Таму мора да имаме 24-часовна заштита, да го преземеме просторот и да започнеме со постепено расчистување. Вардариште, според сите стратешки документи, треба да биде претоварна станица – затоа што мора да имаме претовар на отпадот пред неговото носење во Дрисла“, објасни Шукова.

    Таа подвлече дека градот мора итно да воспостави одржлив систем за управување со отпад, кој ќе ја намали количината што завршува на депонии и ќе ја зголеми повторната употреба и рециклирањето.

    „Отпадот е ресурс. Мора така сите да почнеме да го гледаме, бидејќи најголемиот дел од отпадот може повторно да се преработи и да се врати во општеството. Пример, градежниот отпад може да се преработи со дробилка и да се искористи при изградба на улици и патишта”, рече Шукова.

    Во Програмата има предвидено системско реорганизирање на јавните претпријатија и современи решенија по европски стандарди за управување со отпадот во Скопје.

    „Овие два процеси мора да одат паралелно акутното чистење на градот и воспоставување нов, траен систем. Само така ќе имаме вистински чист и функционален главен град”, рече Шукова.

    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.