Close Menu
    Најново

    Одбележани 105 години Филозофски факултет: Темел на хуманистичката мисла и научната традиција

    16.12.2025 во 23:44

    Зимата носи големи промени за овие 3 хороскопски знаци

    16.12.2025 во 23:15

    Што да додадете во кафето за побрзо слабеење?

    16.12.2025 во 23:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Одбележани 105 години Филозофски факултет: Темел на хуманистичката мисла и научната традиција
    • Зимата носи големи промени за овие 3 хороскопски знаци
    • Што да додадете во кафето за побрзо слабеење?
    • ВИДЕО: Ова е новиот состав на СДСМ
    • На Европа и се заканува „циклонска бомба“ и ледена бура
    • Нови потпретседатели на СДСМ се Јована Тренчевска и Александар Трајановски
    • Будимпешта го блокира годишниот документ за проширување на ЕУ поради Украина
    • Со секира влегол во казино: Земал 8.600 денари од вработената
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Шукова најави 15 нови паркови во првите 15 месеци

    Шукова најави 15 нови паркови во првите 15 месеци

    17.09.2025 во 21:36Updated:17.09.2025 во 21:38
    ФОТО: СДСМ
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, заедно со кандидатката за градоначалник на Бутел, Оливера Ливриниќ, кандидатите од советничката листа и генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитриевиќ, во општина Бутел, разговараа за плановите за озеленување и подигнување на квалитетот на животот во градот. Во општината во план е да се направи мега парк, кој сега е запуштен јавен простор. Шукова најави дека  во првите 15 месеци ќе започне реализацијата на планот за 15 нови паркови низ сите скопски општини и засадување на 10.000 дрва, вклучувајќи и овошни садници, стои во соопштението на СДСМ што го пренесуваме интегрално.

    Новите паркови ќе се планираат особено во густо населените подрачја, со приоритет на урбаните заедници кои најмногу трпат од недостиг на зеленило.

    „Ќе рехабилитираме запуштени површини, ќе поставиме урбана опрема, клупи, осветлување, зони за рекреација, па дури и посебни паркови за миленици. Зелените коридори што ќе ги воспоставиме ќе ја поврзат природата со секојдневието на граѓаните“, истакна Шукова.

    Таа посочи дека овие паркови се инвестиции во здравјето, воздухот и квалитетот на живот на секој скопјанец.

    „Зеленото е наша стратегија, не само украс. Скопје ќе дише повторно“, посочи Шукова.

    Тимот на Шукова е подготвен со реални, издржани и остварливи решенија.

    Кандидатката за градоначалник на Бутел, Оливера Ливриниќ  посочи дека општината во последните 4 години стагнирала, иако имало многу ветувања, немало никаква реализација.

    „Бутел стагнираше цели четири години. Имаше многу ветувања – но речиси никаква реализација. Затоа нашата програма е директно заснована врз реалните потреби на жителите. Нема веќе да толерираме неуредени простори и диви депонии. Ќе создадеме чиста, уредена и безбедна општина“, посочи Ливриниќ.

    Featured
    Популарно

    Синот на Трамп се жени, нова снаа влегува во Белата куќа

    16.12.2025 во 19:27

    Никовски: УМС постојано работи на подобрување на условите со цел младите да останат во Македонија

    16.12.2025 во 19:21

    Дел од пензионерите ќе добијат по 6.000 денари за празниците

    15.12.2025 во 22:36

    На Европа и се заканува „циклонска бомба“ и ледена бура

    16.12.2025 во 22:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.