Close Menu
    Најново

    Црна серија на пијанство зад волан: Во Македонска Каменица и Берово возењето завршило со судар

    21.12.2025 во 12:32

    Саудиска Арабија им дозволи и на странските резиденти да купуваат алкохол во продавница во Ријад

    21.12.2025 во 12:12

    „Скопје се гуши“: СДСМ бара прогласување на еколошка кризна состојба и итна седница

    21.12.2025 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Црна серија на пијанство зад волан: Во Македонска Каменица и Берово возењето завршило со судар
    • Саудиска Арабија им дозволи и на странските резиденти да купуваат алкохол во продавница во Ријад
    • „Скопје се гуши“: СДСМ бара прогласување на еколошка кризна состојба и итна седница
    • Од дом од Гостивар излегле со плен од 65.000 евра – полицијата ги фати
    • „Да продолжиме да бидеме пример за заедништво“: Претседателката им го честиташе празникот на Турците
    • Стоп за 22 тони киви од Србија: Во овошјето најдени ларви и инсекти
    • Трагедија на автопатот Белград-Ниш: Загинаа маж и жена, македонски државјани
    • Падна семеен бизнис кај гевгелиско: Таткото одгледувал, синот продавал
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Шукова најави изградба на крематориум за домашни миленичиња

    Шукова најави изградба на крематориум за домашни миленичиња

    01.10.2025 во 13:12
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    При денешната посета на Општина Аеродром, кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, ја отвори и темата која, според неа, е од особена важност за граѓаните проблемот со бездомните животни.

    „Во изминатиот период, низ разговорите со граѓаните, речиси секојдневно го слушаме истиот проблем уличните кучиња. Проблемот е реален и мора да се решава со сериозен, хуман и системски пристап“, истакна Шукова.

    Таа најави план за изградба на државно прифатилиште со поголем капацитет, кое ќе овозможи поефикасно справување со проблемот.

    „И покрај активностите на ‘Лајка’, потребен е поголем и одржлив капацитет. Затоа предвидуваме државно прифатилиште кое ќе го адресира проблемот во корен“, додаде таа.

    Шукова најави зголемени активности за чипирање, стерилизација и вакцинација на уличните животни, во соработка со ветеринарни станици и граѓански здруженија.

    „Мораме на хуман начин да го решиме проблемот. Секако, и институциите и граѓаните треба да бидат дел од решението“, потенцираше Шукова.

    Во својата програма таа предвидува и изградба на крематориум за домашни миленичиња, како сервис што, според неа, недостасува во градот.

    „Покрај тоа што мораме да се грижиме за уличните животни, мора да понудиме и достоинствен начин на збогување со нашите домашни миленици. И тоа е дел од хуманиот пристап кон животните“, изјави Шукова.

    Популарно

    Трагедија на автопатот Белград-Ниш: Загинаа маж и жена, македонски државјани

    21.12.2025 во 10:54

    Падна семеен бизнис кај гевгелиско: Таткото одгледувал, синот продавал

    21.12.2025 во 10:47

    Од дом од Гостивар излегле со плен од 65.000 евра – полицијата ги фати

    21.12.2025 во 11:49

    Замина тивкиот мајстор на сцената: Почина актерот Лазе Манасков на 66-годишна возраст

    20.12.2025 во 17:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.