Close Menu
    Најново

    Почнува новиот рок за студентски оброк: Аплицирањето трае само 5 дена, еве кој има право

    01.01.2026 во 16:40

    ОЈО изврши увид: Детали за убиството на турски државјанин во Старата скопска чаршија

    01.01.2026 во 16:21

    Мицкоски за Народниот правобранител: Ќе разговараме со партиите, тоа е услов од ЕК што мора да се реши

    01.01.2026 во 14:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Почнува новиот рок за студентски оброк: Аплицирањето трае само 5 дена, еве кој има право
    • ОЈО изврши увид: Детали за убиството на турски државјанин во Старата скопска чаршија
    • Мицкоски за Народниот правобранител: Ќе разговараме со партиите, тоа е услов од ЕК што мора да се реши
    • Safe City дава резултат: Во декември ниту една жртва во сообраќајот во Скопје
    • Мицкоски потврди: Во април ново линеарно покачување на пензиите
    • Црн биланс на „најлудата ноќ“ во Скопје: Тепачки за паркинг, напад врз девојче, агресивен Германец и пожар во Гази Баба
    • Црна Нова година: Убиство во Скопје – двегодишно дете се бори за живот по прострелна рана
    • Бурна ноќ на Токсикологија: Меѓу 31 пијан пациент, дури 13 се малолетници – најмладото дете има само 14 години
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Штрајк во М-НАВ нема да има в понеделник: Синдикатот на контролори ќе бара ново рочиште за да си ги каже маките на суд

    Штрајк во М-НАВ нема да има в понеделник: Синдикатот на контролори ќе бара ново рочиште за да си ги каже маките на суд

    17.10.2025 во 15:17
    ФОТО: Принтскин/Facebook
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Авиосообраќајот во државава нема да биде прекинат в понеделник. Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛМ) ќе ја почитува вчерашната одлука на Граѓанскиот суд со времена забрана на штрајкот, што овој требаше да се одржи в понеделник. Синдикатот најави дека ќе ја обжали одлуката на судот и ќе поднесе претставка против судијката во Републичкиот судски совет.

    „Мора да го почитуваме решението на Судот, ќе ги известиме денеска М-НАВ дека нема да има штрајк, но нема да се откажеме и ќе  продолжиме со други активности. Ќе најдеме начин повторно да направиме се што е потребно за да ги оствариме нашите барања што се дел од Спогодбата за којашто инсистираме дека директорите треба да ја испочитуваат“ рече денеска на прес-конференција претседателот на ССКЛ Александар Тасевски.

    Тој информира дека судското рочиште требало да се одржи денеска, но решението судот го донел вчера.

    „Бевме спремни денеска да се појавиме на тоа рочиште, но испадна дека е откажано и воопшто не ни беше дадена прилика да ја изложиме нашата одбрана “, рече Тасевски.

    Според него, тужбата на М-НАВ воопшто не е барање за времена мерка, туку, како што рече, за отпочнување постапка која утврди дали синдикатот има право да организира штрајк. Но судот одлучил поинаку да работи.

    „Во решението што е доставено од Судот, е наведено дека самиот цени оти барањето на тужителот го смета како времена мерка, што е спротивно на закон. Нашите правници денеска ги формулираат одговорите на тужбеното барање и жалбата во која ќе се бара предметот да се врати во судот. Но, за ова ќе се обратиме и до Републичкиот судски совет и ќе се поднесе претставка и против судијката која го водела предметот. Ќе разговараме и со претседателот на Судот, и ќе бараме  предметот повторно да биде вратен на рочиште и да се дозволи да ја изложиме нашата одбрана“, рече Тасевски.

    Тој дополни дека во времената мерка не стои никаков рок, што вели значи дека не може да биде времена мерка и оцени решението е тенденциозно.

    „Ќе ги покажевме нашите докази дека имаме легитимитет да поведеме постапка за штрајк, дека постапката за помирување не само што е почната, завршена, туку дека имаме и помирувач. Постапката во нашиот случај е почната на 15 мај 2023 година со најавата на штрајк, а помирувањето е завршено со констатација од страна на претставникот на МТСП на 3 јули 2023, односно 15 дена по роковите. Како резултат на таквата постапка продолжена е дискусијата со директорите, потпишана е Спогодба  на ниво на Колективен договор, што е обврзувачка за двете страни. Токму тоа е она што го бараме цело време во годините наназад со штрајковите – почитување на Спогодбата“ појасни Тасевски.

    Тој рече дека постапката за реализирање на Спогодбата е запрена од новото раководство, а најавениот штрајк го тангираат Законот за работни  односи.

    „Се повикуваме на одредби за ноќна работа, за условите за работење, за исплата на надоместоците согласно Закон и Колективниот договор за ангажмани. Едно од барањата е подобрување на услови за работа, да се реши проблемот со водата, со денови немаме вода на работа, ниту тоалет“ рече Тасевски.

    Синдикатот, како што појасни тој, бара почитување на Спогодбата потпишана по најавата за штрајк во 2023 година и состанокот во Министерството за транспорт од 12 октомври.

    Клучни барања се: ангажирање консултантска фирма којашто професионално ќе изврши функционална анализа за подобрување на функционирањето на претпријатието, вработување на стручни, а не партиски кадри како и подобри услови за работа.

    Во меѓувреме синдикатот во неколку наврати за истите барања најавуваше штрајк и го ставаше во мирување, а последната таква одлука беше донесена на 3 октомври.

    Граѓанскиот суд вчера донесе решение со кое, како што беше соопштено, се усвојува предлогот на М-НАВ АД Скопје за изрекување на привремена мерка забрана на најавениот штрајк од страна на ССКЛ. Со оваа Одлука, соопшти М-НАВ, Судот утврди дека најавениот штрајк е спротивен на законските одредби бидејќи не била спроведена постапката за мирно решавање на колективните спорови, како и дека штрајкот не произлегува од конкретни барања од работен однос.

    Популарно

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    ЈСП од утре ќе работи редуцирано: Ова е точниот распоред

    31.12.2025 во 09:28

    Црна Нова година: Убиство во Скопје – двегодишно дете се бори за живот по прострелна рана

    01.01.2026 во 13:08

    ОЈО изврши увид: Детали за убиството на турски државјанин во Старата скопска чаршија

    01.01.2026 во 16:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.