Штипска Апелација ќе донесе одлука по жалбата на Марјанчо Велев осуден на доживотен затвор за две убиства

 

Во штипскиот Апелациски суд денеска се одржа јавна седница за случајот на 56 – годишниот Марјанчо Велев од струмичкото село Добрејци, кој на 22 октомври 2020 година во Основниот суд во Струмица доби казна доживотен затвор за извршени две убиства врз Александар Мицев и Ристо Иљашов, а кој по извршените дела едниот го ставил во буре, а вториот во метален резервоар и ги фрлил во браната Турија.

Претседателката на Апелицски суд-Штип, Корнелија Давчева за МИА вели дека денеска на јавната седница на којашто присуствуваше петчлениот Судски совет, бранителот на Велев првостeпената пресуда ја напаѓал по сите жалбени основи и предложил да се укине пресудата и постапката да се врати повторно во првостепениот суд.  Додека Вишиот јавен обвинител жалбата на бранителот ја одбил како неоснована, тој побарал да се потврди пресудата донесена од првостепениот суд, односно од  Основниот суд во Струмица.

Давчева вели дека бидејќи станува збор за голем предмет Судскиот совет на Апелацискиот суд повторно ќе има советување, по што ќе се донесе одлуката. Очекува наредната недела веќе да ја имаат донесено одлуката за овој случај. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2021 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега