42- годишна жена од Штип вчера пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 4.713 евра. Во СВР-Штип измамата ја има пријавено вчера во 15 часот, а според пријавеното измамникот се претставил како директор на финансиско друштво и таа контактирала со него преку мобилна апликација за да ѝ помогне за подигнување кредит во име на нејзин пријател.
-Како што е пријавено, со прикажување на лажни факти, од неа барал по разни основи да врши уплата на различни сметки во странство, а откако ги реализирала уплатите, за што бил запознаен пријателот, дознала дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот-се вели во соопштението од СВР-Штип.
Инаку, претходно мета на измами беа поврзасни лица, кои на лажни лекари им даваа пари за интервенции на нивни блиски во семејството, за што од СВР-Штип апелираа граѓаните да внимаваат и случаите да ги пријавуваат во полиција.


