Македонскиот пејач Дарио Панковски преку социјалните мрежи упати предупредување до јавноста за кражба на неговиот идентитет и обид за финансиска измама.
Како што појаснува тој во својата објава, непознати лица се претставуваат во негово име преку социјалните мрежи и апликацијата Вибер и бараат пари за наводен концерт.
Измамата се врши од телефонски број со позитив за Нигерија (+234 8256881004).

„Почитувани, во тек е финансиска измама каде непознати лица лажно се претставуваат во мое име и на Вибер и социјалните мрежи бараат пари за концерт. Измамата се врши од телефонски број +234 8256881004 кој припаѓа на мрежа во Нигерија. Тоа е лажен профил и измама! Доколку примите каква било порака со ваква содржина, НЕ одговарајте, НЕ плаќајте и веднаш блокирајте го и пријавете го бројот (Report). Ве молам споделете. Благодарам“, порача Панковски.
Пејачот апелира до сите граѓани да бидат внимателни и веднаш да го блокираат и пријават спорниот телефонски број доколку контактира со нив.