Штипјанец со врата од автомобил удрил полицаец, а потоа се обидел да прегази други полицајци


СВР Штип поднесе кривична пријава против Љ.Д.(45) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

На 14.03.2024 на регионалниот пат Штип-Плачковица, полициски службеници дале знак за запирање на возило кое го упавувал пријавениот, а откако застанал, со вратата од возилото удрил полициски службеници.

Подоцна, истиот ден, на друга локација полициски службеници повторно го забележале пријавениот и откако му дале знак за запирање, тој не застанал и се обидел со возилото да ги удри.

27.03.2024 - 16:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега