Штип: Заврши гласањето на болните од Ковид-19

Заврши гласањето на болните од Ковид-19 и лицата кои се во изолација на територија на Општина Штип. Тимот составен од здравствени работници на адресите посочени од лицата кои се пријавиле затекнал вкупно 19, додека тројца  биле хоспитализирани во штипската модуларна болница.

Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Виктор Вацев вели дека гласањето на болните и немоќни лица се уште е во тек, бидејќи неколку избирачките одбори го чекале материјалот од специјалниот здравствен тим за да продолжат и тие со активностите на терен.

МИА беше заедно со членовите на  избирачкиот одбор 22 98, на гласачкото место право на глас имаат 806 избирачи, а денеска гласаа шест болни и немоќни лица.

-Наша должност како избирачки одбор е да одиме, да ги посетиме, за да си го остварат своето право на глас, вели Вера Читкушева претседател на избирачки одбор 22 98.

Меѓу првите кои ги пушти двете ливчиња во кутија беше 82-годишната Голубика Мастева, која гласаше во својот дом во старата штипска населба Исар. Порача дека е среќна што може да гласа дома, а, како што рече, додека била на нозе дотерана го посетувала своето избирачко место. Смета дека секој полнолетен граѓанин има право да гласа и да ги бира новите градоначалници и советници, кои ќе придонесат за развојот на општината.

Во Затвор-Штип денеска можат да гласаат 204 осудени лица од речиси сите општини во земјава. Заменик претседателот на избирачкиот одбор во Затвор-Штип, Валентина Даскалова вели дека избирачкото место е отворено во 7 а ќе се затвори во 19 часот.

16.10.2021 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега