Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против 74-годишен маж, осомничен за тешко убиство, казниво по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, осомничениот на 24 октомври годинава, за време на семејно насилство ја нападнал жената со која бил во блиски лични односи, нанесувајќи ѝ повеќе удари во главата со тврд предмет, при што и го скршил черепот. По убиството, со остар предмет пресекол делови од телото и ги сокрил на засега непознато место, додека трупот го закопал во дворот од сопствениот дом.

Јавниот обвинител оценил дека постои опасност осомничениот да избега или да се обиде да ги прикрие трагите од кривичното дело. Поради тоа, до судијата на претходна постапка е поднесен предлог да му биде определен притвор.

Exit mobile version