Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Татко си го натепал синот и му нанел повреди – Приведен 39-годишен прилепчанец
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Тетовец санкциониран откако возел мотоцикл без возачка дозвола
    • Мицкоски: Правиме напори да поевтини струјата за граѓаните
    • Мицкоски: Ние ги затвораме, тие ги ослободуваат
    • Опожарен деловен објект на регионалниот пат Боговиње–Тетово
    • Завршил во болница и останал без мотоцикл – Гостиварчанец паднал од мотоцикл кој го возел без дозвола
    • Тепачка поради паркинг место во Пирок: Нападнат 24-годишник во автоперална
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Штерјова: Мицкоски, Клековски, Тошковски, мора да одговараат за труењето во Гостивар

    Штерјова: Мицкоски, Клековски, Тошковски, мора да одговараат за труењето во Гостивар

    07.08.2026 во 11:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Цел град Гостивар беше отруен, над 4.000 луѓе се соочија со здравствени последици од загадена вода.

    Над 50 населени места во Македонија се отруени со загадена вода. Народот со своето здравје ја плаќа цената.

    И никој од власта не одговара!  Како е ова можно?, изјави на денешната прес-конференција Кети Штерјова од СДСМ.

    Четири недели Мицкоски и Клековски си играат со здравјето на жителите на Гостивар.

    И четири недели граѓаните на Гостивар немаат пристап до чиста вода.

    Сега ќе се чека до 20 август за да се соопштат резултатите од анализите на водата за пиење во Гостивар.

    До тогаш граѓаните се оставени сами на себе, во неизвесност и страв за сопственото здравје. Во грч да не се појават нови болести, нови последици по нивното здравје.

    Тврдеа дека водата е „технички исправна“, и тоа само затоа што Мицкоски рекол дека е исправна. Не анализите, туку Мицкоски.

    Никогаш не беше објавен извештај, анализа на водата и потпис кој одобрил „техничка вода“

    Министерот за полиција – Тошковски се занимаваше со хиперхлорирање и им порача на граѓаните да ја пуштат водата да истече од чешмите.

    Директорот Стојанче Ангелов потврди дека има опасна бактерија во водата.

    И додека  народот страда, тендер-патриотите профитираат со бизнис зделки од 100.000 евра за вода во Гостивар.

    Нема поголем скандал, ниту поголема неодговорност од вакво поигрување со животот на граѓаните.

    Ова веќе не е само криза, ова е здравствена катастрофа.

    Тотален хаос и распад на институциите.

    И одговорност мора да има! 

    Доста молчи Јавното обвинителство. Мора да реагира веднаш.

    Мицкоски, Клековски, Тошковски и сите инволвирани мора да одговараат!

    Ова неодговорност и свесно загрозување на здравјето на граѓаните. Ова е свесно труење на народот!, додаде Штерјова.

    Прочитај повеќе

    Велјановски: ЈО да истражи како се потрошени 4,6 милиони евра за провизии за железничкиот Коридор 8

    11.09.2026 во 11:22

    Кузеска: Мицкоски да објави каде завршиле 5-те милиони евра за прославата на 8 Септември

    11.09.2026 во 11:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.