Шпанскиот премиер: За да се стави крај на војната во Украина, мора да ја слушаме Кина

 

Светот треба да го слуша гласот на Кина за да се стави крај на војната во Украина, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез во пресрет на неговата посета на Пекинг следната недела.

„Кина е глобален фактор и очигледно мораме да го слушаме нејзиниот глас за да видиме дали можеме да ја прекинеме таа војна и Украина да го врати својот територијален интегритет“, рече Санчез по состанокот на Европскиот совет во Брисел.

На 31 март тој треба да се сретне со претседателот Ши Џјинпинг во Пекинг.

Се очекува фокусот на разговорите да биде токму конфликтот во Украина, кон кој Кина, како што тврди, зазеде „непристрасен“ став, презентирајќи мировен план од 12 точки.

Во меѓувреме, Пекинг повика на сеопфатен прекин на огнот.

Санчез јавно го поддржа мировниот предлог на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вклучува барања за враќање на украинската територија во статус кво пред руската анексија на Крим во 2014 година,пренесе Индекс.хр.

24.03.2023 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега