Шпанија во шок: Тело на девојче најдено во море врзано за сидро

Граѓани протестираа синоќа на улиците низ Шпанија изразувајќи тага и гнев откако спасувачите го пронајдоа телото на шестгодишно девојче Оливија врзано за сидро во водите на океанот околу Тенерифе.

Спасувачите сѐ уште ја бараат нејзината помала сестра, едногодишната Ана, а главен осомничен е нивниот татко Томас Г.. Тој  уште во април не ги вратил децата на мајката од која бил разведен. Засега нема никаква трага и од таткото.

Телото на малата Оливија е пронајдено на длабочина од 1.000 метри во спортска торба, врзано со сидро, во близина на местото каде што пловел бродот на нејзиниот татко. Во близина е пронајдена и празна спортска торба.

Властите побараа интензивно да се трага во тој предел откако предметите на таткото беа пронајдени во морето.

12.06.2021 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега