Шпанија преку пенал рулет до полуфинале на ЕУРО 2020

Фудбалската репрезентација на Шпанија е првиот полуфиналист на 16. Европско фудбалско првенство.

Избраниците на Луис Енрике успеаа да бидат подобри од Швајцарија преку подобро изведување на пенали.

На средбата во Санкт Петербург нема доволни ниту 120 минути за да се добие победникот кој заврши 1-1 , па пеналите беа тие кои мораа да одлучат кој ќе се пласира во следната фаза. „Црвената фурија“ беше подобра со 3-1 во тој дел, во серијата во која беа промашени дури пет пенали од двете селекции.

 

Закарија во 8 минута си постигна автогол, Шаќири во 68 го израмни резултатот на 1-1. Швајцарците во 77 минута останаа без Фројлер кој доби црвен картон, предност која Шпанија не ја искористи иако создаде неколку добри шанси, ама немаше решение за голманот Зомер.

02.07.2021 - 21:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега