Бројот на загинати во сударот на возови кај Адамус во шпанската провинција Кордоба се зголеми на 45, откако спасувачките екипи пронашле уште два тела, соопштија властите на шпанската автономна заедница Андалузија.

Според информациите, повредени се 123 лица, од кои шест се во тешка состојба.

Телата, како што јавува RTVE, биле пронајдени во еден од оштетените вагони на возот, а според првичните податоци, се работи за последните две лица кои беа водени како исчезнати.

Претходно, цивилната гарда соопшти дека се трага по „уште две исчезнати лица“ меѓу остатоците од композицијата.

Exit mobile version