Шолц: Путин сака да ја подели Европа, но нема да успее

 

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се плаши дека „искрата на демократијата“ ќе се прошири во неговата земја, додавајќи дека се обидува да ја подели Европа и да се врати во светот во кој доминираат сфери на влијание.

Во интервју за „Минхнер Меркјури“, на прашањето дали Путин ќе го прифати пристапот на Украина во Европската Унија, тој изјавил дека рускиот претседател мора да прифати дека во неговото соседство постои заедница на демократии засновани на закони кои се поблиску и поблиску, пренесува Ројтерс.

„Тој (Путин) очигледно се плаши дека искрата на демократијата ќе се прошири во неговата земја“, рекол германскиот канцелар.

Тој оценил и дека рускиот претседател сака поделена Европа и враќање во сферата на влијание.

„Тој нема да успее во ова“, кажал Шолц.

Предупредил дека скокот на цените на енергенсите веројатно ќе трае долго и ги отфрлил тврдењата на Русија дека ја прекинала испораката на гас бидејќи недостасуваат неопходните резервни делови поради санкциите.

„Ова објаснување не е убедливо“, истакнал германскиот канцелар.

21.06.2022 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега