Нови морничави детали испливаа на површина на денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, каде животот го загубија 63 лица. Сведокот Петар Марковски (25), кој едвај преживеал извлекувајќи се од стампедото, откри шокантна информација – помошната врата кај бината не била наменета за евакуација, туку за криење на малолетници при полициски рации.

„Слушнав дека таа врата служела за излез на малолетниците кога доаѓа полиција, но кобната вечер не видов дека некој ја користи“, изјави Марковски. Тој потврди дека во клубот имало многу малолетници, а внатре влегувал без лична карта бидејќи се познавал со обезбедувањето.

Марковски опиша како таванот од сунѓер се запалил во секунда од пиротехниката, по што паднал во бесознание од густиот чад. „За да се извлечам од стампедото под луѓето, морав да ги соблечам патиките“, раскажа младиот човек кој поминал неколку дена во кома и бил лекуван во Словенија.

Exit mobile version