Шкријељ: Се грижиме за пензионерите во време на криза, 10 отсто се покачени пензиите оваа година

Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ, кажа дека Владата предводена од СДСМ се грижи за пензионерите, и во време на најголемата светска криза продолжува покажувањето на пензиите.

„Само оваа година пензиите за сите 330.000 пензионери СДСМ ги покачи за вкупно 10 отсто. Со исклуизивен пристап, низ дијалог, заедно со пензионерите ја утврдивме новата методологијата на усогласување на пензиите. Сега пензиите, системски, без политички влијанија и паушални одлуки, се покачуваат два пати годишно, врз основа на порастот на трошоците за живот и растот на просечната плата. Според новата методологија пензиите годинава ги покачивме за 2,9 отсто во месец март, а сега, во септември следуваше уште поголемо покачување од 6,8 проценти“, вели Шкријељ.

Пратеничката кажа дека со последното покачување од 6,8 отсто, обезбедиле дополнителни 1.200 денари месечно за пензионерите кои примаат просечна пензија.

„Наша должност е да обезбедиме пристојна старост и поддршка на сите пензионери, особено во време на криза. Веќе во март идната година следува ново усогласување на пензиите. Според проценките тоа ќе изнесува околу 6 проценти, што значи дека пензиите за само 12 месеци ќе пораснат за 16 отсто. Благодарение на одговорните политики на СДСМ денес пензискиот фонд е стабилен, пензиите растат и се исплаќаат и предвреме“, кажа таа.

02.10.2022 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа