Шкријељ: Опозицијата да престане со блокади на закони важни за граѓаните и за европската иднина

 
Пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ во дебатната емисија „24 анализа“ на телевизија 24, истакна дека извештајот на Стејт департментот, може да се гледа како патоказ, до каде сме и каде имаме предизвици.
 

Не можеме да го гледаме само како извештај за оваа година, туку треба да го гледаме како тренд споредбено со изминатите години, да видиме каде имаме подобрување. Во самата реторика и вординот што се користи во извештајот имаме подобрување, се наведува дека Владата работи на идентификување и на процесирање на функционерите, коишто се вклучени во активности, поврзани со корупција. Примерот дека има функционери кои биле од актуелно владеачкото мнозинство, а се процесуирани само покажува дека Владата решила, без разлика кој од која политичка партија е, дека ќе работи на справување со корупцијата, нагласи Шкријељ.

 

Пратеничката Шкријељ додаде дека во споредба со неколку години наназад, во извештаите на Стејт дептртментот беше неаведено дека Владата презема многу ограничени чекори за да идентификува и процесира случаи на високи функционери, до пред само неколку години беше незамисливо, функционери од тогашната владеачка гарнитура да одговраат доколку има евентуална злоупотреба.

 

Карактеристика на оваа Влада е дека не се обидува да се стават работите под тепих, имаме системски проблем со корупцијата, како што имаме системски проблем со судството. Тоа се ситуации креирани и со постапките на претходните влади, долги години наназад, рече Шкријељ, додавајќи дека и овој извештај Стејт департментот и извештајот на Европската комисија даваат насоки каде треба да се оди со реформите во правосудниот систем и тука треба да се најдеме согласноста меѓу партиите за заеднички да се срповедат тие реформи.

 

Ова е заеднички проблем на целото општество, кој најверојатно се должи на тој долг низ на години на постоење на неказнивност во општеството и сега навистина, е потребно, не реторички и декларативно, туку заедно да ги донесеме сите тие потребно закони коишто да се донесат за да можеме да видиме некои промени. Потеби се радикални промени, како и надпартиски консензус, нагласи Шкријељ.

 

Пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ нагласи дека веќе две години во Собранието има заглавени закони од страна на опозицијата за кои и Европската комисија потенцира дека треба да се донесат и дека се дел од таа потребна реформа на правосудиот систем.

 

За жал, активната блокада на ВМРО-ДПМНЕ се сведува на деструктивно однесување, кое има за цел да покаже нефункционалност на Собранието и да се повторува приказната за барање на предвремени избори, порача пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ.

 

 
22.03.2023 - 22:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега