Шкип: Минисерот Хоџа секој ден за кафе и ручеци трошел по 120 евра државни пари

Порталот Шќип медиа објави дека министерот за земјоделство од септември минатат година, кога беше назначен на функцијата до 28 февруари годинава, односно само за 6 месеци, потрошил 22.794 евра за кафе и ручек во Министерството за земјоделство, односно во бифето „Концепт БАР“, компанија за послужување кафе и храна што го доби тендерот од Владата.

„Имајќи предвид дека од минатата година сме во пандемија и буџетот на министрите е намален за трошоци, но за срамот да биде уште поголем е што дури и да не беше пандемијата, овие претерани суми за кафе и храна на министерот Хоџа се над границата на основните потреби. Од шест месеци кои имаат 180 дена, само 110 дена се работни денови, отстранете ги викендите, тука и празниците од септември до февруари, така што министерството на Хоџа има дневни трошоци за кафе и храна приближно 210 евра на ден“, објави порталот Шќип медиа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 21:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега