Адвокатот Петре Шилегов, бранител на обвинетиот Шовкет Хазари, денеска остро го критикуваше обвинителниот акт, обвинувајќи го обвинителството за селективен и непрофесионален пристап во спроведувањето на истрагата. Тој истакна дека институциите со години избегнувале обврски кои, според сопствената теорија на каузалитет, биле должни да ги преземат.
„Ако ја прифатиме широката интерпретација на обвинителството, тогаш сериозно не пристапуваат многу лица во оваа судница. Кој одлучува каде почнува и каде завршува каузалитетот?“ праша Шилегов пред судот.
Адвокатот посочи дека обвинението се однесува исклучиво на поранешни службеници, додека актуелни министри, директори и бројни вработени од Министерството за економија, кои, како што наведе, учествувале во истите постапки во последните петнаесет години, воопшто не се опфатени.
Шилегов оцени дека таквиот пристап го нарушува принципот на еднаква одговорност и создава впечаток на селективно гонење.

