Шест скриени симптоми на коронавирус: Се појавуваат со треската, недостаток на мирис и кашлицата

Официјалните симптоми на коронавирусот се треска, кашлица и останување без здив, а неодамна Центрите за контрола и превенција на болести побараа да се додадат уште неколку симптоми на официјалниот список – тресење, болки во мускулите, главоболки, болки во грлото и губење на мирис и вкус.

Првите симптоми обично се појавуваат од 2 до 14 дена по изложеноста на вирусот, а оние за кои е потребно веднаш да отидат на лекар се дефинитивно континуиран скратен здив, отежнато дишење, збунетост, болка во градите, синкава усна или лице.

Сепак, постојат неколку други симптоми што некои пациенти ги развиле кои не се толку вообичаени за да бидат на официјалниот список, иако може да бидат добар показател за инфекција со коронавирус.

Болки во мускулите

Еден од симптомите што често се повторува кај лица со тешки респираторни заболувања е болка во мускулите (мијалгија).
Мијалгијата претходно беше знак дека се развиле поголеми воспаленија во организмот.

Според Светската здравствена организација, околу 15 проценти од сите пациенти со коронавирус имале болка во телото или зглобовите.
Болката е предизвикана од хемикалии наречени цитокини, хемикалија која телото ја ослободува кога реагира на инфекција.

Лезии на јазикот

Лезии и дамки што се појавуваат во устата или грлото може да бидат нови симптоми на коронавирусот, се вели во новото истражување.

Истражувачите откриле дека една третина од пациенти со Ковид-19 кои имаат осип на кожата, т.е. на рацете и нозете, исто така, имаат промени и во усната шуплина.

Дамки и лезии на непцето обично се појавуваат две недели откако пациентите за прв пат имале симптоми на коронавирус, како што се треска или останување без здив.

Екипа од Здравствениот дом „Рамон и Кајал“ во Мадрид соопшти дека лекарите и медицинските сестри треба да ги испитаат усните шуплини на пациенти кои се позитивни за коронавирус или сомнителните пациенти за да утврдат дали и тие ги покажуваат овие знаци.

Депресивно расположение

Истражувачите од Универзитетот во Синсинати ги испитале симптомите на 114 пациенти на кои им бил дијагностициран Ковид-19 и врз основа на собраните податоци дошле до изненадувачки податоци.

Дури 47,7 проценти од учесниците пријавиле депресивно расположение барем неколку дена пред почетокот на првите симптоми.

Тие, изјавиле дека страдаат од блага вознемиреност, а 10,5 проценти рекле дека имаат сериозна вознемиреност.

Коавторот на студијата, д-р Ахмад Седахт, истакна дека знаците на вознемиреност и депресија се разбирливо поврзани со симптомите на Ковид-19, бидејќи болеста го напаѓа централниот нервен систем.

Мирисот на урината

Лекарите сега велат дека силниот мирис на урина може да биде аларм дека имате корона вирус.

Урина со интензивен мирис и невообичаена жолта боја е знак на дехидрираност, која често се јавува поради инфекција со Ковид-19. Урината потоа добива особено непријатен мирис затоа што станува поконцентрирана, токму заради пониското ниво на течност во крвта.

Затоа, секој што ќе забележи дека е дехидриран заедно со останување без здив, треба веднаш да се јави кај лекар.

Воспаление на увото

Научниците го откриле корона вирусот во ушите на двајца починати пациенти кои биле позитивни на Ковид-19, затоа студиите индицираат дека губењето на слухот може да биде редок симптом на инфекција.

Истражувањата покажаа дека вирусот исто така може да ги зарази увото и мастоидната коска веднаш зад увото.

Ова не е првпат корона вирусот да се поврзе со инфекции на ушите или проблеми со ушите. Студија објавена во април откри дека Ковид-19 кај возрасни пациенти предизвикува отитис медиа, воспалителен процес во кој тапанчето станува воспалено.

Лезии на нозете

Иако несаканите ефекти на коронавирусот или болеста Ковид-19 варираат од личност до личност, шпанските експерти сега ги испитуваат лезии на нозете што се појавиле кај некои пациенти во раните фази на болеста.

Имено, станува збор за лезии што личат на сипаници, се наведува во извештајот на Советот на Универзитетот во Поддијарија (експерти за болести на нозе).

Според нив, во Италија, Франција и Шпанија, бројни случаи на пациенти со корона вирусот имале лезии на нозете, за што сведочат дерматолозите.

Овој симптом беше особено изразен кај тинејџери и деца, но и некои возрасни, исто така, имале слични знаци на нозе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.07.2020 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега