На 18.11.2025 околу 15.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„52“ и ул.„49“ во населба Стопански двор во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од 35-годишната Л.Б. од Германија и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(51) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки О.Ш.(49) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле сопатниците М.Ш.(22), Е.И.(23), А.Р.(30) сите од Скопје од истото возило, како и Л.Б. и нејзиниот малолетен сопатник, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
- „Имам став“ – Средношколци денеска во Собранието
- Жена ограбена на автобуска во Скопје
- Бомба најдена во двор во Македонија
- Хоџа на увид на инфраструктурни проекти во Струга
- Придружниот вокал на „ДНК” раскажа за хоророт – Со сослушување сведоци продолжува судењето за „Пулс”
- Денеска ќе се знае предлогот за нов член на Судскиот совет
- Премиерот Мицкоски во работна посета на Штип
- Внимателно на патиштата – АМСМ информира за состојбата


