На 18.11.2025 околу 15.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„52“ и ул.„49“ во населба Стопански двор во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од 35-годишната Л.Б. од Германија и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(51) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки О.Ш.(49) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле сопатниците М.Ш.(22), Е.И.(23), А.Р.(30) сите од Скопје од истото возило, како и Л.Б. и нејзиниот малолетен сопатник, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
- Финансиски злоупотреби во здравството – Под лупа и компанија со три болници во Скопје
- ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – Оливер Спасовски со тага се прости од него
- Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу
- Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството
- Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати
- Љубовен пресврт за едни, успех на работа за други: Хороскоп за 29 октомври
- Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците
- ФОТО: Два тона небезбедно месо ќе се уништува на Дрисла – Се продавалло преку социјални мрежи

