Шест новозаразени со Ковид-19 во Дебар, активни на болеста 37 лица

Во Дебар во последното деноноќие потврдени се шест нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка од почетокот на пандемијата достигна 89 лица, од кои три се од општина Центар Жупа.

Новодијагностицирани се од земените 35 брисеви во изминатите денови од оваа недела, од кои се очекува резултат за уште 16 брисеви, бидејќи три се негативни.

Од вкупната бројка, 48 се излекувани, додека активни на болеста се 37 лица. Од нив седум се на лекување во Инфективната клиника и болницата Осми септември“ во Скопје.

Во првата фаза од болеста ,во која беа заболени 51 лице, четворица за жал починаа, тројца мажи од Дебар и жена од Центар Жупа.

Она што ја карактеризира втората фаза на болеста, кога се регистрирани новите 38 заразени, како што вели градоначалникот Хекуран Дука, кој и самиот е лекар специјалист, е нивната возраст.

-Повеќето од заразените припаѓаат на младата популација, ученици и студенти, кои манифестираат симптоми на патологија со Ковид-19, како што е висока телесна температура, грозница, болки во мускулите а има и со тешко кашлање и тешко дишење, рече тој.

Додава дека главната прчина за повторната појава, која секојдневно станува се позарижувачка, е непочитувањето на пропишаните заштитни мерки и протоколи од страна на граѓаните и деловните субјекти.

И Дука и градоначалникот на општина Центар Жупа, Аријан Ибраим, упатуваат апел целосно да се почитуваат мерките и протоколите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2020 - 18:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега