Шест дресови кои Меси ги носеше на СП продадени на аукција за 7,8 милиони долари

Дресовите кои Меси ги носеше против Саудиска Арабија и Мексико во групната фаза, како и оние против Австралија, Холандија, Хрватска и Франција во финалето, продадени на аукција за неверојатни 7.800.000 долари, соопшти аукциската куќа Сотби.

Конечната цена за дресовите, секоја од нив носена за време на првото полувреме на еден од натпреварите на Аргентина на Светското првенство во фудбал во 2022 година во Катар, е највисоката цена за еден предмет од спортски сувенири оваа година, соопштија тие.

Не е познато кој ги купил дресовите.

Аргентина го освои Светското првенство во фудбал откако во финалето ја совлада Франција во пенал рулетот по ремито 3-3, освојувајќи го третото Светско првенство.

Победата, во која Меси постигна два од трите гола на Аргентина, претставуваше крунски момент за еден од најголемите играчи на овој спорт.

 

15.12.2023 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега