Цели шест часа скопската обиколница беше затворена за сообраќај поради тешката сообраќајна несреќа во која, според објавите на Алсат, четворица го загубија животот по директен судир меѓу автомобил марка „бмв“ и камион.
ЈП Македонија пат синоќа соопшти дека од 23:30 часот се врши пренасочување на сообраќајот на патниот правец Велес –Тетово од клучка Мирковци до клучка Приштина заради случена сообраќајна незгода.
Сообраќајот е нормализиран од 05:30 изутрината.
Press24 сѐ уште чека официјални информации од Министерство за внатрешни работи за вчерашната несреќа.
Како што претходно објави Алсат, најверојатна причина за несреќата е преминување на камионот со косовски регистарски ознаки во спротивната лента. Според Алсат, возачот на камионот најверојатно загубил свест поради замор непосредно пред сударот со „бмв“-то.
Возилото е целосно пеплосано. Засега е нејасно дали во четворицата загинати во „бмв“-то се семејство или група млади луѓе, но засега Алсат не ја исклучува можноста меѓу жртвите да има и деца.
Истражните органи во текот на ноќта извршиле увид на местото.
Несреќата се случила ноќеска, половина час пред полноќ.


