Вкупно шест меѓународни авиокомпании вчера ги откажаа сите летови кон Венецуела, откако Федералната администрација за воздухопловство на САД (ФАА) издаде предупредување за „зголемување на воените активности“ во регионот, соопшти Синдикатот на венецуелските авиокомпании.

ФАА пред два дена ги повика цивилните екипажи што летаат во венецуелскиот воздушен простор да бидат внимателни поради влошената безбедносна ситуација и зголеменото вооружено присуство на САД во Карипско Море.

Авиокомпании кои ги откажаа летовите се:

  • Шпанската „Иберија“
  • Португалската „ТАП“
  • Колумбиската „Авијанка“
  • „Карибиан“ (Тринидад и Тобаго)
  • Бразилската „ГОЛ“
  • Чилеанската „Латам“

Тензиите меѓу двете земји ескалираа од август, кога САД наредија распоредување војска во Карипско Море како дел од операцијата против наркокартелите. Венецуелскиот претседател Николас Мадуро тврди дека операцијата е насочена кон негова смена и преземање на нафтените полиња.

САД досега извршија 21 напад врз бродови, при што загинаа 83 луѓе. Американскиот претседател навести и можност за напади врз цели на венецуелското копно.

Exit mobile version