Шест американски банки под притисок

 

Агенцијата за кредитен рејтинг „Мудис“ објави дека се очекува повеќе банки да бидат под притисок по неуспехот на Банката на Силициумската Долина.

Агенцијата за кредитен рејтинг „Мудис“ објави дека ставила шест американски банки на листата за повторна анализа поради потенцијално намалување на рејтингот по минатонеделниот колапс на Банката на Силицимската Долина (СВБ).

Според Си-ен-ен, „Мудис“ соопшти дека се очекува повеќе банки да бидат под притисок по колапсот на СВБ, особено оние со големи резерви неосигурени депозити и долгорочни државни обврзници, чија вредност е ослабена.

„Мудис“ очекува притисокот врз банкарскиот сектор да продолжи бидејќи Федералните резерви продолжуваат да ги зголемуваат каматните стапки за да се борат против инфлацијата.

Од таму додаваат дека дополнителна загриженост е што американските банки ја зголемуваат каматата што ја плаќаат на штедните сметки и дека, додека банките се надеваат дека повисоките стапки ќе ги задржат клиентите загрижени за колапсот на СВБ, тоа исто така може да доведе до профит.

„Мудис“ наведува дека добрата вест е што американскиот банкарски систем е генерално здрав, дека има доволно пари и ликвидни средства за да издржи економски пад, но дека лошата вест е што американските регулатори можеби ќе бараат од нив да држат повеќе капитал по брзиот колапс на СВБ.

Предупредуваат дека рејтингот на First Republic Bank (FRC), Zions (ZION), Western Alliance (VAL), Comerica (CMA), UMB Financial (UMBF) и на Intrust Financial може да се намалат објаснувајќи дека „поради крајно нестабилните услови за финансирање, некои американски банки се изложени на ризик од одлив на неосигурени депозити“.

15.03.2023 - 23:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега