Шеќеринска од прославата на ДУИ: Треба да ги разбереме оние што се против уставните измени

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска смета дека треба да се разберат оние граѓани кои се против уставните измени. Според неа, тие не се против ЕУ, туку се плашат од тоа дека ќе има и други барања.

„Тезата дека нема алтернатива по мене не функционира. Многумина кои ја поддржуваат тезата за уставни измени треба да ги разберат и оние граѓани кои велат не. Во главно се Македонци, но тој број не е за потценување. Најголем број од луѓето кои се против уставните измени не се против ЕУ. Не треба да ги убедиме дека ЕУ е важна, некои знаат повеќе и од нас. Тој отпор не доаѓа од отпорот против ЕУ, туку од стравот дека ова не е крај. И тој страв не е нереален. Се плашат дека после тоа ќе има нови барања“ вели Шеќеринска и додаде дека тие им должат на овие граѓани. „Ако молчиме тогаш и ние сме соучесници“ предупреди таа.

Според Шеќеринска, војната во Украина ја сменила геополитичката карта за проширување на ЕУ.

После толку години одбира да биде оптимист, но сепак смета дека многу е потешко за малите држави, кои како што вели, мора да знаат да ја читаат геополитичката карта.

„Кога големи држави прават стратешки грешки тоа е грешка и има цена, но кога мали држави прават грешки тоа е катастрофа. Сите анализи покажуваат летоска не очекува многу тешко лето. Во најдобро сценарио влегуваме во продолжен период на геополитички ривалитет. Треба да знаеме кај сме. По мене фер е да ги поставиме отоврнео прашањата. Дали вистински е возможно дека војната во Украина ја смени геополитичката карта па сега има поголем апетит за проширување? Одговорот е да“ рече Шеќеринска.

Шеќеринска зборуваше на дебатата „Европски фронт“ организирана по повод годишнината на ДУИ, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

05.06.2023 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега