Шекеринска на Парадата на гордоста: Секој е слободен да биде она што е!

 Втората Парада на гордоста во Скопје започна напладне со марш од паркот „Жена Борец“, и продолжи низ центарот на градот, преку Владата до Градскиот парк.

Граѓани на различна возраст со знаменца „Skopje Pride“ се дел од маршот, а дел од транспарентите гласат „Нашата порака е посилна кога нашите гласови се обединети“, „Љубов вон ѕидовите“.

На парадата присуствуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска и претседателот Стево Пендаровски заедно со сопругата.

„Секој е слободен да биде она што е“, напиша Шекеринска на Фејсбук.

26.06.2021 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега