Во најразлични земји од целиот свет, Денот на шегата секоја година се слави на 1 април. Понекогаш го нарекуваат и денот на сите шегаџии. 1 Април не е национален празник, но секаде се прославува како ден кога многумина прават разни шеги и будалаштини. Овој ден го одбележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на различни пријатели, членови на семејството, наставници, соседи, колеги…
Оваа година, градот повторно ќе биде исполнет со детска радост на манифестацијата „Априлијада“. ЈУ Детски културен центар „Карпош“, под покровителство на Град Скопје, денеска со почеток во 10:30 часот во Градскиот трговски центар ја организира традиционалната детска програма.
По повод Денот на шегата, ОСТЕН организира богата програма со изложби посветени на карикатурата, прогласувајќи го целиот месец април за Месец на хуморот и сатирата.
- На 1 и 14 април, во галеријата на ОСТЕН ќе бидат изложени карикатури и сатирични дела од реномираните автори Димитар Чудо и Мице Јанкуловски.
- На 21 април, во соработка со Амбасадата на Република Хрватска, ќе биде отворена изложба на карикатури од Хрватското друштво на карикатуристи.
Традиционално, во некои земји како Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Јужна Африка, шегите траат само до пладне, а оној кој прави трикови после пладне го нарекуваат „Априли-ли-ли“ и го исмејуваат. Во други земји, како Франција, Италија, Јужна Кореја, Јапонија, Русија, Холандија, Германија, Бразил, Ирска, Австралија и САД, шегите траат цел ден.
Во Франција и Италија, децата, а понекогаш и возрасните, традиционално на грбовите еден на друг лепат риби од хартија (на француски „Poisson d’avril!“, а на италијански „Pesce d’aprile!“). Најраната врска помеѓу Први април и шегата може да се најде во „Кантербериските приказни“ на Џефри Чосер (1932). Многу писатели претпоставуваат дека создавањето на овој празник е поврзано со враќањето на Први јануари како Нова година, но оваа теорија не објаснува некои поранешни тврдења.

