Шефот на ОН: Светот е во жална состојба

 

Светот „гледа во очи на ураган од категорија 5“, изјави во Давос генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Во својот говор пред светските лидери на Светскиот економски форум, генералниот секретар на ОН оцени дека „светот е во жална состојба“.

„Нашиот свет е зафатен од совршена бура на повеќе фронтови“, рече тој.

Меѓу главните закани со кои се соочува светот, тој ги посочи претстојната глобална рецесија, војната во Украина, растечките нееднаквости, зголемените трошоци за живот, високата задолженост на ранливите земји и последиците од пандемијата.

Гутереш рече дека во борбата против глобалното затоплување „ја губиме битката“ и дека секоја нова недела носи „нов климатски ужас“, пренесе Индекс.хр.

18.01.2023 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега