Close Menu
Press24
    Најново

    Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница

    28.10.2026 во 16:26

    Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија

    28.10.2026 во 15:59

    Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС

    28.10.2026 во 15:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
    • Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво
    • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
    • Кражба во охридски хостел: Египќанец украл телефон и пари од гости, па приведен на автопатот Тетово – Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шасивари – Бримора: Продолжува поддршката за реформите во правосудството и владеењето на правото

    Шасивари – Бримора: Продолжува поддршката за реформите во правосудството и владеењето на правото

    24.08.2026 во 17:071 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за правда Јетон Шасивари остварил средба со амбасадорот на Република Полска во земјата, Мариуш М. Бримора, на која биле разменети мислења за актуелните состојби и за приоритетите во областа на правосудството, како и за можностите за натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји.

    Во фокусот на средбата, како што се наведува во соопштението од Министерството за правда, биле законите од реформската агенда, со посебен акцент на унапредувањето на владеењето на правото, зајакнувањето на независноста и ефикасноста на правосудството, како и унапредувањето на институционалните механизми за спречување и борба против корупцијата.

    Министерот Шасивари го информирал амбасадорот за тековните активности на Министерството за правда во насока на реализација на реформските приоритети, вклучително и подготовката и унапредувањето на законските решенија, кои се од значење за исполнувањето на обврските во процесот на европска интеграција.

    На средбата било истакнато дека партнерството со земјите членки на Европската Унија претставува значаен придонес при спроведувањето на реформите и европските стандарди, со крајна цел изградба на современ и ефикасен правосуден систем во интерес на граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

    28.10.2026 во 15:29

    Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена

    28.10.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.