Шаќири открива: Средба со СОНК утре или во четврток

Во емисијата „200“, на ТВ Алсат, се разговараше за штрајкот на СОНК во училиштата и градинките каде министерот за образование, Јетон Шаќири рече дека постои можност утре или задутре да имаат средба со СОНК.

„Пред средбата со Владата имав средба со министерот за финансии, со вицепремиерот за економски прашања, ја направивме прелиминарната координација и ќе ги видиме сите можности во наредните денови. Во наредбите денови можеби утре или четврток ќе следи средба. Во претходниот состав што го споменав имавме две-три средби со претставниците на Синдикатот, но и порано како министер ги имавме овие средби”, изјави Шаќири.

12.04.2022 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега