Шаќири меѓу најмладите во Шуто Оризари: Ќе присуствува на почетокот на државното тестирање на ученици

 

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска во Основното училиште „26 Јули“ во општина Шуто Оризари ќе присуствува на почетокот на првото главно тестирање во рамки на државното тестирање на ученици од трето одделение.

Тестирањето го спроведува Државниот испитен центар и ќе бидат опфатени ученици од 79 училишта на македонски наставен јазик и 41 училиште на албански наставен јазик. Ќе бидат тестирани 4200 ученици по мајчин јазик (македонски јазик или албански јазик) и 1600 ученици по математика (на македонски и на албански јазик).

-Основна цел на државното тестирање е да даде објективни и веродостојни податоци за остварувањето на стандардите на постигањата на учениците за наставни подрачја и наставни предмети од особена важност во текот на основното образование. Ваквите податоци ќе обезбедат докази за развој и унапредување на образовните политики во насока на достигнување на современите светски образовни стандарди, соопшти Министерството за образование и наука. 

01.06.2022 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега