Шахпаска: Досега 31 случај на ковид-19 во градинките, во изолација 150 деца

Од отворањето на градинките досега ковид-19 е потврден кај 21 вработен и 10 деца, информираше министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Таа вели дека сите заболени се во добра здравствена состојба, а поради овие случаи во изолација се испратени 150 деца.

Шахпаска вели заедно со Министерството за здравство будно се следи состојбата, која засега ја оценува како стабилна.

„Досега состојбата во градинките е стабилна. Последната информација вели дека од отворањето на градинките досега 10 деца и 21 вработен се регистрирани позитивни и се во добра здравствена состојба. Голем дел од групите кои беа затворени заради некој позитивен случај делумно се вратени со работа. Бројките на изолирани деца поради коронавирусот се 150“, рече министерката Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање по посетата на мал групен дом во Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2020 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега