Северозападниот регион со најголема, а Источниот со најмала доверба во полицијата

Жителите во Северозападниот регион со најголема, а во Источниот регион со најмала доверба во полицијата, покажаа истражувањата на Евротинк-Центар за европски прашања. Александар Стојановски постар истражувач вели дека нивните итсражувања покажуваат дека на државно ниво 40 % од илјада испитаници изразиле недоверба во полицијата, 25 % имаат доверба. Додека неутралните се над 33%. Како да се подобри јавното мислење за транспарентноста и отчетноста на полицијата, е тема на проектот за инклузивна полиција на Евротинк центарот за европски стратегии.

– Спроведовме телефонска анкета кон крајот на минатата година, а денеска ги презентираме резултатите од Источно планскиот регион споредбено со резултатите на држава. Многу слични се наодите. Имаме помал процент на неутрални граѓани во однос на тоа дали полицијата е транспарентна. Значи овде повеќе луѓе споредбено со националниот примерок сметаат дека полицијата е транспарентна, односно повеќе луѓе веруваат во нејзината отчетност, вели Стојановски.

Тој посочи дека дел од општините од Брегалничкиот регион имаат функционални Совети за превенција, а дел немаат или пак им се во фаза на формирање. Општините не издвојуваат средства за нивно функционирање, а она што го работат не им се презентира на граѓаните. Истражувањето покажало дека граѓаните бараат реонски полицајци и пожарникари низ своите населби. Проектот е насловен „Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Северна Македонија” финансиран од страна на Националниот Фонд за Демократија на Соединетите Американски Држави, непрофитна фондација финансирана основана во 1983 година од страна на Конгресот на САД која е активна во над 100 држави од целиот свет. Главната цел на проектот е да допринесе кон подобрување на јавното мислење и разбирање во однос на транспарентноста и отчетноста на полициската организација, преку зголемен степен на надзор и дијалог со цел подобрено носење и спроведување на политики кои ја засегаат јавната безбедност. 

12.05.2022 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега