Северна Македонија со најдобра оценка за управувањето со јавните финансии во регионот

Северна Македонија е најдобра во управувањето со јавните финансии во споредба со останатите земји од Западниот Балкан, покажува Националниот монитор за реформи во јавната администрација 2019/2020 објавен од Институтот за европска политика – ЕПИ.

Како важни чекори преземени за подобрување на состојбата со управувањето на јавните финансии во извештајот се истакнуваат креирањето на значајни апликации и веб страници за слдење на јавните финансии, како и објавувањето на граѓанскиот буџет.

Најголем напредок во однос на претходниот извештај од 2017/2018 година има во делот на отчетност и транспарентност на Владата. Наодите од извештајот покажуваат дека се забележува подобрување во делот на проактивното информирање на јавноста од страна на институциите.

Се истакнува фактот што сите институции ги објавуваат документите, законите и прописите од својот сектор и тие информации се лесно достапни за граѓаните. Во анкетата спроведена за потребите на истражувањето, мнозинството од граѓанските организации потврдиле дека информациите од јавен карактер кои ги барале, ги добиле во предвидениот рок, бесплатно и во бараниот формат.

Извештајот нотира наредок и во областа на развој и координација на политики, истакнувајќи ги плановите за работа на Владата и извештаите за спроведување на плановите, кои претходно не се објавуваа. Од ЕПИ потенцираат дека овие извештаи се објавуваат редовно и на разбирлив и небирократски јазик.

17.07.2021 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега