Северна Кореја објави дека нема заразени со ковид-19

 

Медиумите во Северна Кореја денеска објавија дека во наредните недели државниот врв ќе одржи две клучни средби, од кои едната ќе биде посветена на разгледување на антиепидемиската политика во земјата, иако се тврди дека немало нови случаи на ковид-19 од крајот на јули.

Северна Кореја одлучи да одржи национален состанок на почетокот на август за итен преглед на борбата против епидемијата „за да ја потврди новата ориентација“ на нејзината политика.

Состанокот посветен на борбата против Ковид-19 ќе се одржи откако Северна Кореја минатата недела објави дека сите пациенти со симптоми на вирусна треска закрепнале, што го означува и крајот на првиот бран на пандемијата на коронавирусот што избувна кон средината на мај.

Врховното народно собрание на Северна Кореја (СПА) на 7 септември ќе одржи седница на која ќе разговара за законот за рурален развој и организациски прашања, соопшти официјалната новинска агенција КЦНА, пренесува „Ројтерс“.

08.08.2022 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега