Сестрата на Шерон Стоун е во болница и се бори со коронавирусот - актерката моли само за едно

 

Познатата актерка Шерон Стоун на својот Инстаграм профил објавила фотографија од болница и открила дека нејзината сестра Кели Стоун се лечи од коронавирусот и испратила потресна порака.

Шерон навела дека коронавирусот за жал не е единствениот здравствен проблем со кој нејзината сестра се бори.

„Сестра ми Кели, која веќе има лупус, сега е позитивна на Ковид-19. Таа нема имунитет. Единственото место каде што одеше беше аптека. Не постои тестирање во нејзиното опкружување, доколку немате симптоми, а потоа 5 денови се чекаат резултатите. Дали можете сами да се соочите со оваа соба? Носете маски! Поради себе и останатите. Ве молам“, напишала актерката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.08.2020 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега